Матурско патување на 56-та генерација на богословијата „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во Србија

Во периодот од 7 до 12 мај 2024 г., со благослов на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија беше организирано матурското патување на 56-та генерација богослови при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје, кое се состоеше во посета на храмови и манастири во Србија во наведениот период.

За време на нашиот престој, успеавме да посетиме мноштво храмови и манастири кои датираат во периодот од XIIIв. – XIXв., и се од значајно црковно и културно-историско наследство на Српската православна црква и Србија, а воедно и значајни духовни светилишта со развиени црковни и монашки заедници, кои за нас беа од големо духовно значење. Како дел од нив, ќе ги издвоиме манастирите:  „Успение на Пресвета Богородица“ – Суково (XIXв.), „Св. Јован Богослов“ – Поганово (XIVв.), „Вознесение Христово“ – Раваница (XIVв.), „Света Троица“ – Манасија (XVв.), „Св. Никола“ – Ново Хопотово (XVв.), „Св. Никола“ – Гргетег (XVв.), „Свети Архангели“ – Ковиљ (XIII-XIVв.), „Св. првомаченик Стефан“ – Лазарица (XIVв.), „Успение на Пресвета Богородица“ – Љубостиња (XIVв.), „Вознесение Христово“ – Жича (XIIIв.), „Успение на Пресвета Богородица“ – Студеница (XIIв.), „Света Троица“ – Сопоќани (XIIIв.) и многу други…

На 09.05.2024 г., присуствувавме на празнично бдение во Соборниот храм „Св. Сава“ – Белград, а потоа и на Свечена академија во криптата на храмот „Св. Сава“, организирана по повод школската слава на СПБ „Св. Сава“ – Белград. Наредниот ден (10.05.2024 г.) по истиот повод, присуствувме на Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Сава“ – Белград, со која чиноначалствуваше Неговата Светост, Патр. Српски г.г. Порфириј. Помеѓу бројните свештенослужители (епископи, свештеници и ѓакони – претставници / свештенослужители на православните богословии во Србија: „Св. Сава“ – Белград, „Св. Арсениј Сремски“ – Сремски Карловци, „Св. Кирил и Методиј“ – Ниш и „Св. Кирил и Методиј“ – Призрен) на литургијата сослужуваше и о. проф. Дарко Милев, како претставник на Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

За време на нашето патување, ги посетивме и српските православни богословии: „Св. Кирил и Методиј“ во Ниш, „Св. Арсениј Сремски“ во Сремски Карловци и „Св. Сава“ во Белград, кои за време на нашата посета во знакот на Христовата љубов, нè удостоија со најтопол христијански и братски пречек во име на Христа воскреснатиот. За време на тие посети, успеавме да се запознаеме со работата, научната дејност и внатрешниот живот на тие наши собратски црковно-образовни институции, како што и да размениме многу заеднички мислења и искуства кои се однесуваат на нашиот богословско-образовен и институционален процес и живот, кое за нас беше од огромно и полезно значење.

Слава и благодарност на Бога за сè!!!

Извор: https://www.facebook.com/bogoslovija/posts/pfbid0vKrpkUYDJ2swfPEt5quNiz8xH1PLcvwoUonughE72QzppDjHC9cdz1vFg3i6KFeLl