Меѓународен хорски фестивал ТЕХО

На 27 јуни 2025 година, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово започна Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО.

На првата фестивалска вечер, во рамки на 34-тото издание на фестивалот ТЕХО настапуваа два хора кои ќе изведат вкупно 17 композиции.

1. Црковен хор „Пресвета Богородица“ од Скопје. Диригент: Андреј Наунов.

2. Пејачко друштво – хор на храмот „Свети Сава“ од Белград, Србија. Диригент: Катарина Станковиќ.

Наредните два дена, сабота и недела, настапите на хоровите ќе се одржуваат во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово. На свеченото отворање на меѓународниот фестивал на духовно пеење, присуствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Извор: https://tge.mk/product/meunaroden-khorski-festival-tekho