На 7-ми јули 2025 година, на манастирската слава Раѓање на св. Јован Претеча, во Слепченскиот манастир ќе започне Четвртиот меѓународен симпозиум на тема: „Архиепископот Прохор и Слепченскиот книжевен центар“, по повод јубилејот 500 години од хиротонијата на архиепископот охридски Прохор 1525-1550.
Во склоп на симпозиумот ќе се одржи промоција на монографијата: Црковното книжевно наследство на Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“ од академик Ѓорѓи Поп Атанасов.
Исто така, ќе бидат презентирани фототипните изданија од Слепченските ракописи реституирани во Манастирот Слепче.
На Симпозиумот учество ќе земат предавачи од академиите, универзитетите и научните институции од повеќе земји во регионот.
Симпозиумот ќе трае од 7 до 10 јули, во манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче, Демир Хисар.
Оние коишто се заинтересирани да ги следат предавањата, да го контактираат манастирот преку контакт-формата на веб страната на manastirslepche.mk
