Меѓународна богословска конференција во Фоча, Босна и Херцеговина

Од 1. до 3. јуни 2026 година во Фоча (Босна и Херцеговина) се одржа меѓународната Светидуховска богословска конференција на тема „Што е душата денес? Богословските и психолошките аспекти на антропологијата“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Василиј Острошки“ при универзитетот во Источно Сараево.

На Собирот зедоа учество 27 истражувачи од областа на теологијата, психологијата, философијата и филологијата, меѓу нив и проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и доц. д-р Ана Ѓорѓевиќ од Институтот за психологија при Унивиерзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје со заеднички реферат на тема: „Трансакциската анализа во православната пастирска психологија“.