Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Цетињски и Митрополит Црногорско-Приморски Јоаникиј од Српската Православна Црква, вечерта на 6 јуни 2026 година, во пресрет на празникот на светата Стефанида Скадарска и Битолска, служеше вечерна богослужба со петолебие во Манастирот „Свети Јован Крстител“ во селото Слепче кај Демир Хисар.
На вечерната богослужба молитвено присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар како и бројно свештенство, монаштво и верен народ.
По завршувањето на вечерната богослужба, искушеничката на манастирот Ана беше потстрижена во расо и го доби монашкото име Стефанида, по света Стефанида Битолска.


























