Митрополит Петар: од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, на прославата на Светите Кирил и Методиј, во Прилеп, даде куса изјава која ја пренесе порталот ИнфоКомпас.

Во својата изјава, помеѓу останатото, Владиката Петар истакна дека „Православието денес треба да се гледа според учењето на црквата, а не според симпатиите на некои народи, на некои цркви.“

„Ако некој се постави над другите, тој веќе гледа лични интереси, и себеси. Тука се нарушува и соборноста на Црквата. Ако се чувствуваме сите еднакви, тогаш ја изразуваме соборноста, ако не сме еднакви, тогаш нема соборност.“

На крајот, Митрополитот Петар заклучи дека: „За нас не се тврди дека имаме проблеми со каноничноста на црквата, или со верата, со учењето, туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет.“

Извор: https://infokompas.com.mk/2024/05/24/видео-г-петар-од-нас-се-бара-да-се-откаж/