На 25 јуни 2026 година, кога се празнува споменот на препеподобните Онуфриј Велики и Петар Атонски, Високопреосвештените митрополити Брегалнички г. Иларион и Австралиско-новозеландски г. Никола, го посетија манастирот „Св. Прохор Пчињски“, во Србија, каде што беа срдечно пречекани од надлежниот архијереј на Српската Православна Црква, Високопреосвештениот митрополитот Врањски г. Пахомиј и братството на манастирот.
При посетата митрополитите Иларион и Никола извршија годишен помен за покој на душата на блаженоупокоениот архимандрит Пајсиј Светогорец и Хиландарец и игумен на манастирот „Св. Прохор Пчињски“.






