Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола во вечерните часови на 1 април 2026 година пристигна во Австралија – известува Австралиско-новозеландската епархија.
Митрополитот беше пречекан со многулетствие уште на аеродромот, а свечениот прием беше во соборниот храм „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн.
Во известувањето од епархијата се вели дека за време на својата архипастирска посета, Неговото Високопреосвештенство г. Никола, ќе богослужи и ќе оствари средби со свештенството и верниот народ.



Извор: https://www.mocdanz.org.au/соопштение-по-повод-пречекот-на-новио/
