Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со неговата придружба, беше во посета на Света Гора Атонска. Таму тој се сретна со неколку Игумени и повеќе Атонски старци, а со многу љубов и посебно внимание беше пречекан во манастирите Хиландар, Дохијар и Симонопетра.
Митрополитот г. Иларион им подари свети мошти од светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец на отците од Симонопетра. Тамошните возрасни монаси кои што лично го знаеја него и неговиот подвиг и заеднички го започнале монашкиот живот, ги примија со небоземска радост.