На 24 август 2025 година, во 11. Недела по Педесетница, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во храмот „Свети Петар и Павле“ во с. Горно Лисиче – Скопје, беше отслужена Света Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
За време на Литургијата, Митрополитот Георгиј се обрати пред многубројниот верен народ со пригодна беседа, во која особено ја истакна темата за простувањето како основа на христијанскиот живот.
















