Во 27 недела по Педесетница, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, сослужуваше на светата архијерејска Литургија во параклисот „Свети Јован Богослов“ при Православниот богословски факултет во Белград.
На Литургијата началствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, а покрај Митрополитот Георгиј му сослужуваа и викарните епископи на Патријархот Српски, Нивните Преосвештенства: Епископот Новобрдски г. Иларион и Епископот хвостански г.Алексеј. Сослужуваа и архимандритот Нектариј – главен секретар на Светиот Архијерејски Синод на Српската Црква, архимандритот Фидијас од црквата „Свети Сава Освештен“ во Лимасол, Кипар, свештеникот Србољуб Убипариповиќ – декан на Богословскиот факултет во Белград, протојереј-ставрофорите: Владимир Вукашиновиќ и Никола Христовски и други свештенослужители.
По прочитаното Евангелие, со благослов на Патријархот Прорфириј, со боговдахновена беседа до присутните се обрати Митрополитот Георгиј. На крајот на светата Литургија, Патријархот Порфириј му се заблагодари на Митрополитот Георгиј за сослужувањето и за учеството во работата на дводневниот меѓународен научен собир „Од Никеја до денес (325-2025): Трајното значење на Првиот вселенски собор“, за што известивме.
Во продолжение пренесуваме видео снимка од беседата на Митрополитот Георгиј.


































