Митрополитот Георгиј учествуваше на конференција во Европскиот парламент во Брисел

Во вторник, 3 март 2026 година, во Европскиот парламент во Брисел се одржа конференција на тема „Преразгледување на дијалогот помеѓу Европската Унија и религиите (член 17 од Договорот од Лисабон) во светло на Комуникеата на Интерпарламентарната унија (ИПУ)“, на која зеде учество и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, придружуван од протојереј-ставрофор Никола Христоски.

Конференцијата беше коорганизирана од Интерпарламентарното собрание на православието и работната група на ЕПП за меѓукултурен и религиски дијалог – известува Дебарско-кичевската епархија.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1CTghLDvv8/