На 5 мај 2026 година Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, ја посети Националната установа Завод и музеј Охрид.
Митрополитот оствари средба со директорот Горан Патчев и вработените во Завод и музеј и се разговараше за проектите од годишната програма на Министерството за Култура и Туризам за 2026 година а кои треба да се реализираат во согласност и поддршка од Дебарско-кичевската епархија како и за други прашања и предизвици во заштитата на сакралното културно наследство во Охридскиот регион, нивната состојба и потреба од интервенции со цел зачувување и нивна промоција на пошироката јавност.



