На 6 и 7 октомври 2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а на покана од надлежниот архијереј, Митрополитот Старозагорски г. Кипријан од Бугарската Православна Црква, присуствуваше на свеченостите организирани од Старозагорската митрополија по повод повеќе црковни годишнини, меѓу кои 50 годишнината од раѓањето на Митрополитот г. Кипријан, 30 годишнината од неговиот монашки потстриг и 10 години од интронизацијата како Митрополит на Старозагорската Митрополија.
Митрополитот г. Иларион присуствуваше на вечерната богослужба, на духовната академија и сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Бугарски г.г. Даниил, а сослужуваа повеќе архиереи од различни помесни Православни Цркви.
Од Бугарската Црква сослужуваа митрополитите од Светиот Синод, Нивните Високопреосвештенства: Ловчанскиот Гавриил, Неврокопскиот Серафим, Русенскиот Наум, Врачанскиот Григориј, Сливенскиот Арсениј и Доростолскиот Јаков, а од другите помесни Цркви: митрополитот Силуан Мануила од Романската православна епархија во Унгарија, Неаполскиот епископ Порфириј Махериотис – главен претставник на Кипарската Црква при Европската Унија, Хајновскиот епископ Павел Токајук. Сослужуваа и епископите на Бугарската Црква, Нивните Преосвештенства: Тивериополскиот Тихон, Величкиот Сиониј, Белоградчишкиот Поликарп, Смоленскиот Висарион, Агатополскиот Јеротеј, Константијанскиот Михаил, Главиничкиот Макариј, Велбуждскиот Исак, Маркијанополскиот Богослов и Драговитискиот Василиј.















