Митрополитот Иларион служеше во манастирот Беркасово во Србија

На 11 септември 2025 година, на празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител и Претеча, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија во Сремската епархија на Српската Православна Црква.

Митрополитот Иларион, со благослов од надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Сремски г. Василиј, а во сослужение на свештенослужители на Српската Православна Црква отслужи Божествена Литургија во манастирот „Света Петка“ – Беркасово, каде што игуманија е мати Анисија родум од Прилеп.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/