Митрополитот Иларион сослужуваше на празнувањето на јубилејот на храмот„Св. Александар Невски“ во Софија

Бугарската православна црква го празнува јубилејот – 100 години од осветувањето на Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“ во Софија.

По тој повод, во престолнината на Бугарија пристигнаа делегации од помесните православни цркви: Цариградската, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Грузиската, Српската и Романската патријаршија, како и од Кипарската, Атинската и Албанската архиепископија, делегати од Православната црква на Чешките земји и Словачка и од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Делегацијата на Македонската православна црква ја предводеше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Одбележувањето на јубилејот започна на 22 ноември, со празнична вечерна богослужба на која началствуваше Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил.

Празничната света Литургија беше отслужена на 23 ноември, предводена од Неговата Светост, бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Даниил, во сослужение со Високопреосвештениот митрополит Брегалнички г. Иларион и Високопреосвештените митрополити гости од помесните православни цркви: Архиепископот на Тијатира и Велика Британија Никита (Цариградска патријаршија), Диосполскиот митрополит Емануил (Александриската патријаршија), митрополитот Игнатиј од Франција (Антиохиската патријаршија), Архиепископот Антидонски Нектариј (претставник на Ерусалимската патријаршија), Горијскиот и Атенски митрополит Андреј (Грузиската патријаршија), Тимочкиот митрополит Иларион (Српска патријаршија), епископот на Дачија Јероним (Романска патријаршија), Месоријскиот епископ Григориј (Кипарската црква), митрополитот на Неа Крини и Каламарија Јустин (Грчката црква), Корчанскиот митрополит Јован (Албанската архиепископија) и Архиепископот Михаил (Православната црква на Чешките земји и Словачка).

На светата Литургија учествуваа и архиереите на Бугарската Патријаршија, вклучувајќи ги Великотрновскиот митрополит Григориј, Ловчанскиот митрополит Гаврил, Пловдивскиот митрополит Николај, Неврокопскиот митрополит Серафим, Русенскиот митрополит Наум, Старозагорскиот митрополит Кипријан, Врачанскиот митрополит Григориј и Сливенскиот митрополит Арсениј. Присуствуваа и помошните епископи и свештеници, вклучувајќи ги епископот Мелнички Герасим, епископот Тивериополски Тихон, игуменот на Тројанскиот и Бачковскиот манастир, епископот Знеполски Мелетиј, ректорот на Софиската духовна семинарија и други.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/sto-godini-ot-osveshtavaneto-na-patriarsheskata-katedrala-sv