На 3 август 2025 година, во осмата седмица по Педесетница, Митрополитот Лавовски и Галицки г. Филарет од Украинската Православна Црква отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и свештенството и монаштвото на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во манастирот на Свети Леонтиј и Покров на Пресвета Богородица во Водоча.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


























