Митрополитот Марко Берлински служеше Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

На 11 февруари 2025 година, денот во кој Црквата го прославува Преносот на моштите на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Берлински и Германски г. Марко од Руската Православна Задгранична Црква отслужи света архијерејска Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

На Митрополитот му сослужуваа свештенослужители од Скопската епархија, како и свештенослужители од Берлинско-германската епархија на Руската Православна Задгранична Црква. Меѓу верниот народ беа и бројни верници од Германија, кои допатуваа во Македонија за да ги посетат светите места во нашата Татковината.

Претходниот ден, на навечерието на празникот, Митрополитот Марко беше примен од  Архиепископот Стефан во Архиепископската резиденција во Скопје.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/liturgija-soboren-2025/