Митрополитот Никола на Велигден во посета на дом за стари лица

На Велигден, митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола го посети домот за стари лица „Калина“ и ја сподели радоста на Воскресението со поздравот: „Христос Воскресна!“

Во домот се згрижени повеќе лица од македонско потекло, како и верници од други сестрински помесни цркви и различни држави. Посетата беше исполнета со радост, утеха и духовно укрепување за сите присутни. По посетата следеше срдечна средба со персоналот – известува интернет страницата на Австралиско-новозеландската епархија.

Во текот на разговорот беше изразена подготвеност од страна на Епархијата за соработка и организирање редовни духовни средби и богослужби во овој дом.

Извор: https://www.mocdanz.org.au/велигденска-радост-во-домот-за-стари-л/