Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола оствари неколкудневна посета на Сиднејското архиерејско намесништво во периодот од 7 до 11 мај 2026 година. Во таа прилика оствари повеќе средби со парохиските свештеници, како и претставници од црковните одбори.
На 8 мај се оствари срдечен прием кај владиката Василиј во седиштето на Антиохиската православна архиепископија на Австралија, Нов Зеланд и Филипините. На средбата митрополитот г. Василиј му го честита изборот на владиката Никола за надлежен архиереј на Австралиско-новозеландската епархија, беа разменети мислења за црковно-општествените актуелности во Австралија, Македонија, Сирија и Либан, како и за можностите за продлабочување на врските меѓу двете помесни Цркви.
Во неделата, на 10 мај, во сослужение на протоереите Рубин Бојчевски и Митко Митрев, и во присуство на многуброен народ, митрополитот Никола началствуваше со архиерејската неделна литургија во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул и произнесе пригодна беседа.
Во деновите на визитацијата, митрополитот Австралиско-новозеландски ги посети и манастирот Света Петка во Кембла Гренџ, како и црквата Света Троица во Воронора – Сатерленд.






Извор: https://www.mocdanz.org.au/митрополитот-г-никола-во-посета-на-сид/
