Митрополитот Петар гостин кај Архиепископот Василиј од Антиохиската Патријаршија

Вечерта на 14 јануари 2026, предпразненство на Богојавление, кога се прославува споменот на свети Силвестер и на свети Серафим Саровски, на покана на Архиепископот г. Василиј, надлежниот архијереј на Антиохиската Архиепископија за Австралија, Нов Зеланд и Филипините од црковната општина „Свети Никола“ во Бенгстаун, Сиднеј како и поканата од парохискиот свештеник прота Митко Мачевски (Македонец од с. Ратево – Берово), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар богослужеше Вечерна богослужба.

Оваа црковна општина е под духовна јурисдикција на Антиохиската Патријаршија во Дамаск – Сирија, но, со благослов на Архиепископот г. Василиј, се раководи по стариот (јулијански) календар и се богослужи на црковнословенски и македонски јазик .

Архиепископот Василиј, протојереј Митко Мачевски и останатите свештенослужители од Антиохиската Црква како и верниците му посакаа топло добредојде на Митрополитот Петар и му го честитаа јубилејот 30 години архијереј во Австралија и Нов Зеланд, а сите заедно благочестиво Му се помолија на Господа Спасителот Исуса Христа.

Извор: https://www.mocdanz.org.au/en_AU/митрополитот-г-петар-гостин-во-сиднеј/