Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Автралиско-новозеландски Петар беше гостин во поткастот „Наткаст со Љупчо Цветановски“ на порталот „Курир“. Повод за разговорот беше неодамнешното гостување на Митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован во поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен Печат“, кој во таа прилика најави барање до Синодот за промена на епархиите што им се доделени на архијереите на некогашната ПОА. Митрополитот Петар, во тој контекст, нагласи дека со одлука на Светиот архијерејски собор на СПЦ и на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, имотите во кои живеат епископите и монасите на ПОА, поради интегрирањето во МПЦ-ОА треба да бидат префрлени во владение на конкретните епархии, во кои се наоѓаат. До сега тоа го има сторено комплетно само игуменот Мојсеј Тодоровски.
Митрополитот Петар кажа и дека на молба на Светејшиот Српски Патријарх Порфириј, се согласил да даде дел од неговата епархија, со цел да се формира привремена епархија, со која ќе има можност да управува Митрополитот Јован, укажувајќи му можност за непречено црковно и пастирско делување.
Целата емисија може да се погледне на следното видео:

