Митрополитот Струмички г. Наум сослужуваше на Литургијата во чест на Света Параскева во Јаши, Романија

Секоја година во средината на октомври, градот Јаши во Романија станува престолнина на романското православие, по повод празникот на Света Преподобна Параскева – Петка. Илјадници верници се обединија и овој пат на храмовата слава, на архијерејската литургија која ја отслужија 25 архијереи од неколку православни цркви.

На Литургијата на којашто началствуваше Високопреосвештениот Архиепископ на Тијатира и Велика Британија г. Никита од Цариградската патријаршија сослужуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Наум Струмички.

Благословената слава на Јаши собра повеќе од 200.000 поклоници од целиот православен свет за да ги целиваат чесните мошти на светата Параскева – Петка, кои се наоѓаат во Јаши од 1641 година. Традиционално, на славата биваат донесени и мошти и од некој друг светител, а оваа година тоа беа моштите на светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон.

Извор: https://doxologia.ro/hram2024-sfanta-cuvioasa-parascheva-cinstita-rugaciune-de-mii-de-suflete-capitala-ortodoxiei