Од 30 до 31 октомври годинава, во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во Врањската епархија на Српската православна црква, се одржува третиот монашки собор.
Соборот започна со поздравно обраќање на Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј, претседател на организациониот одбор на Светопрохорскиот монашки собор, кој го прочита и поздравното слово и од Српскиот Патријарх г.г. Пофрифиј. Од името на Светиот архијерејски синод на Српската православна црква, соборот го поздрави Митрополитот Игнатиј Браничевски. Потоа, воведна реч одржа Високопреподбниот архимандрит Методиј, игумен на Светогорскиот манастир Хиландар, потпретседател на организациониот одбор на Соборот.
Со првото заседавање, со наслов „Обнова и унапредување на монаштвото“ претседаваше Преосвештениот Епископ Дремвицки г. Давид, викар на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Со свое излагање на соборот, во делот „Монашкото послушание како начин на запознавање и исполнување на волјата Божја“ со свое излагање на тема „Духовниот отец како носител и показател на волјата Божја“ ќе се претстави Игуманијата Кирана од манастирот „Успение Богородично“ во с. Сушица, покрај Скопје.
Овој меѓународен монашки собор собра учесници од повеќе земји: Србија, Грција, Македонија, Русија, Романија, Црна Гора, Велика Британија, Аргентина, Гватемала.
Соборот се пренесува во живо, на јутјуб каналот на Соборот: https://www.youtube.com/@monaskisabor