Моштите на преподобниот Јоаким Крчовски претставени пред верниот народ во Чикаго

Известува: о. Горан Трпчевски

Со благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј и благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, беа подарени мошти од св. Јоаким Крчовски македонски просветител и учител, на македонската заедница и храмот ,,Св. Параскева Петка” од Чикаго.

На 23 мај 2025 лето Господово, на торжествената света архиерејска Литургија со надлежниот архиереј Неговото Високопреосвештенство г. Методиј и свештениците од сестринските македонски цркви, моштите беа претставени пред верниот народ, кои молитвено се поклони и ги целива светите мошти токму на денот кога се чествува преподобниот Јоаким Крчовски македонски просветител и учител.

Отсега, неговото физичко присуство во храмот на МПЦ-ОА ,,Св. Параскева Петка” и македонската заедница во Чикаго, ќе биде можност целиот наш народ да се поучува како да го пази и чува македонското писмо, јазик и верата во Христа Спасителот, преку поука од делото на светителот преподобниот Јоаким Крчовски македонски просветител и учител.