Моштите на свети Гаврил Велички донесени во Љубљана на денот на свети Климент Охридски

На 8 декември (25 ноември) 2024 година, кога го прославуваме празникот на светиот Климент Охридски, заштитникот на древната Охридска архиепископија и на Македонската православна црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион ги донесе моштите на светиот Гаврил Велички во храмот „Свети Климент Охридски“ во Љубљана, Словенија.

Верниот народ се поклони на светите мошти, а во продолжение следуваше Божествена архијерејска Литургија на која сослужуваа надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужители од Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На крајот од Литургијата, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/