На Благовештение света архијерејска Литургија во Охрид

На 7 април / 25 март 2025 година, кога се празнува празникот Благовештение Богородично, во Архиепископскиот катедрален храм „Св. Софија“ во Охрид беше отслужена архијерејска света Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на чешките земји и Словачка и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

По Литургијата, Митрополитот Георгиј отслужи помен на гробот на блаженоупокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/