На Илинден – света архиерејска Литургија и ракополагање во ѓаконски чин во Радовиш

На 2 август 2025 година кога се прославува празникот на светиот пророк Илија, а воедно и големиот Македонски празник Илинден, Неговото Високопресвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. пророк Илија” во Радовиш.

Пред почетокот на светата Литургија, Митрополитот г. Иларион во чин ипоѓакон го произведе богословот Мартин Шапков од Радовиш, а за време на Литургијата го ракоположи во ѓаконски чин.

На крајот од Божествената Литургија со благослов од Митрополитот г. Иларион, архиерејскиот намесник на Радовишкото намесништво протоереј-ставрофор Марјан Јанковиќ го прочита Илинденското послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а по завршувањето на Литургијата, Архиерејот отслужи Панихида за покој на душите на сите паднати борци и бранители на Република Македонија, потоа изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

Честит и вековит Илинден!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/