На Сретение на Господ Исус Христос Света Архиерејска Литургија во Књажевац

На 15 февруари 2025 година, на празникот Сретение на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по повод славата на Тимочката епархија и 190 години од изградбата на књажевечкиот храм, чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија, во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Нишки г. Арсениј, надлежниот архијереј – Високопреосвештениот Митрополит Тимочки г. Иларион и свештенослужители на Српската православна црква, во присуство на многуброен верен народ, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Књажевац, Србија.

По заамвоната молитва, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб. А по завршувањето на Божествената Литургија присуствуваа и на духовната академија во Домот на културата во Књажевац.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/