Најава: Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска

На 29 и 30 јуни оваа година, ќе се одржи свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, согласно со одлуката на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од 11 април годинава.

Во сабота, 29 јуни, со почеток во 17 часот, во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, ќе биде отслужена Вечерна богослужба.

Следниот ден, во недела на 30 јуни, во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола, ќе биде отслужена утрена богослужба во 7 часот, а во продолжение, во 9 часот – Света Архијерејска Литургија.

Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие, кое може да се прочита тука.