Претстоителите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Српската православна црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј ќе ја посетат Нишката епархија на 13 и 14 октомври годинава. Тие ќе бидат свечено пречекани во Соборниот храм во Ниш, на 13 октомври, со свечена доксологија во 16.30 часот, а утредента, на празникот на Покровот на Пресвета Богородица, ќе отслужат света Литургија во Богородичниот манастир во Ѓунис.