Недела на Православието – сослужување во Струмица

Ha 1 март 2026 година, првата недела од Великиот пост, во духот на торжественоста на Неделата на Православието, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица беше отслужена света архијереска Василиева Литургија, на која началствуваше викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен. Светата Литургија се одвиваше во молитвена и достоинствена атмосфера, исполнета со духовна радост и благодарност. Верниот народ, собран во храмот, со побожност и смирение пристапи кон Светата Причест, причестувајќи се со Светите Христови Тајни – известува Европската епархија.

Неделата на Православието, како сведоштво за победата на вистинската вера, уште еднаш ја потврди живата и непоколеблива вера на православниот народ, кој со љубов и преданост ја чува и исповеда светата православна традиција – завршува известувањето од епархијата.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/16X9PAxsF2/