Во Неделата на простувањето – Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештеници, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.
Во својата празнична беседа Митрополитот Агатангел повика сите да го искористиме овој ден за да побараме прошка од своите најблиски и од сите оние на кои сме погрешиле и да се обидеме од денешниот ден, па сè до празникот на Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.
На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога. Меѓу присутните верници беа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, пратениците во македонското Собрание од Велес, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов, како и бројни претставници на институциите од градот Велес.
По Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел зеде молитвено учество во Умилителната вeчерна богослужба, по чие завршување следуваше чинот на меѓусебно простување.


































Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3246&Itemid=32
