На 17 мај 2026 година, во Недела 6-та на Воскресение (Недела на Слепиот), на денот кога се празнува споменот на св. мч-чка Пелагија Тарсиска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на светиот великомаченик Димитриј во Кочани, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво.
На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено.





























