Недела на Света Марија Египетска – ракополагање во Струмица

На 29 март 2026 година, во петтата Недела од Великиот пост, посветена на света Марија Египетска, во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица беше отслужена света Василиева Божествена Литургија.

Со светата богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Струмички г. Наум, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, како и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

Верниот народ, во духот на покајание и молитва, пристапи кон Светата Чаша и се причести со Светите Христови Тајни, сведочејќи ја својата жива вера и единство со Црквата во овие спасоносни денови на постот.

Во текот на светата Литургија, Митрополитот Европски г. Пимен го ракоположи во ѓаконски чин ипоѓаконот Ненад Јованов, дарувајќи му благодат за понатамошно служење на светата Црква.

На крајот од богослужбата, Митрополитот г. Пимен одржа пригодна беседа, поучувајќи го народот за значењето на покајанието, подвигот и духовната преобразба, како што нè учи примерот на света Марија Египетска.

Овој молитвен собир претставуваше вистинско духовно укрепување за сите присутни, кои со благодарност и радост го продолжуваат својот пат кон светлото Христово Воскресение.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/14ViiBzwiaV/