Недела на жените мироносици

Во неделата на жените мироносици, гостин во Митрополијата крушевска и демирхисарска, а на покана на Митрополитот домаќин беше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот врањски г. Пахомиј. Во катедралниот храм на Митрополијата, „Св. Никола“ во Крушево, на Литургијата началствуваше, Митрополитот врањски г. Пахомиј кој произнесе и божествено слово, а по Литургијата, него и неговиата придружба ги поздрави домаќинот, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован. Гостинот отпоздрави и предаде икони на светители на старешината на соборниот храм.

Извор: https://krushdem.org/2025/05/04/nedela-na-zhenite-mironosici-2/