Денес, во Неделата по Богојавление, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици беше отслужена Света Божествена Литургија. Богослужбата ја возглави Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и свештенослужители од струмичката епархија.
Во молитвена радост, верниот народ присуствуваше на светата богослужба и се причести со Светите Христови Тајни.
На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Пимен се обрати кон присутните со архипастирско слово, нагласувајќи ја важноста на духовната подготовка и подвиг во животот на секој христијанин.












