На 11 јануари 2026 година, во неделата на Светите Богоотци, св. праведен Јосиф Обручник, во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф чиноначалствуваше на Светата Литургија во сослужение на свештеници од Тетовското-гостиварската епархија. Верниот народ се причести со Светите Тајни.
На крајот на Божествената Литургија, свештенослужителите како молитвен дар на Митрополитот кој денес го прославува својот именден, му подарија архиерејски одежди, посакувајќи му уште многу години, достојно и ревносно како и до сега да раководи со Словото на Христовата Вистина.








