На ден 09.03.2024 година, во првата недела од Великиот пост – Неделата на православието, во храмот „Св. Климент Охридски“ во Штип, беше отслужена Света архијерејска Василиева литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на надлежниот архијереј Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Православните христијани кои со пост, молитва и исповед се подготвуваа во изминативе денови, пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистотата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и Светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието.







