Нов број на списанието „Православна Светлина“ на Повардарската епархија

Излезе од печат 71-от број од списанието „Православна Светлина“ – известува интернет страницата на Повардарската епархија.

„И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко“ – се вели во известувањето.

Списанието е достапно во сите храмови низ Повардарската епархија, а во електронска форма може бесплатно да се преземе од тука.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3055&Itemid=32