Нов ѓакон во Австралиско-новозеландската епархија на празникот на св. Наум Охридски

На 4 јануари 2026 година, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Роклин, по повод патрониот празник, во сослужение на неколку свештениците од Мелбурн се богослужеше Вечерна богослужба. После Вечерната, во манастирската трпезарија од овогодинешните домаќини беше послужена трпеза на љубовта.

Наредниот ден 5 јануари во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, богослужеше света Божествена Литургија во сослужение со свештеници од Епархијата.

На Литургијата, Митрополитот Петар, надлежен архиереј на оваа епархија беше ракоположен во ѓаконски чин Мајкл Павлески од Мелбурн, кој што беше повеќегодишен вероучител, чтец и прислужник во црквата „Свети Илија“ во Футскрај, кој се одликува со голема побожност и вера, но и со неизмерна скромност.

„Од името на МПЦЕАНЗ на ѓаконот Мајкл Павлески му го честитаме чинот во кој е ракоположен, да го носи со чист и бел образ и достојно да му служи на Бога и својот верен македонски народ. Достоен!“ – се вели во известувањето од епархијата.

Извор: https://www.mocdanz.org.au/en_AU/нов-ѓакон-во-епархијата-за-австралија/