Нов ѓакон во Кумановско-осоговската епархија

На 21 декември 2025 година, во дваесет и осмата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.

Пред светата Литургија чтецот Кристијан Мишевски го ракопроизведе во ипоѓакон, а на светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин

На светата Литургија, верниот народ се причести со светите Христови Тајни.

Извор: https://koe.mk/нов-ѓакон-во-кумановско-осоговската-е/