Нов интернет сајт на Дебарско-кичевската епархија

Дебарско-кичевската епархија информира дека со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, на 15 мај 2026 година е активирана новата епархиска веб страница, која е обновена со современ изглед и актуелна содржина.

На страницата се наоѓаат податоците за епархијата, нејзината историја, надлежниот архијереј, свештенството, храмовите и манастирите.

Изданијата на епархијата, книги и периодики, се детално наброени, а особено внимание е обратено на одделот „Духовност“, каде што се поместени катихетски текстови, литература и душеполезни светоотечки поуки.

Старата верзија на интернет страницата е во целост достапна во вид на архива.

Адресата на сајтот останува иста: https://dke.org.mk/