Официјалниот сајт на Австралиско-сиднејската епархија соопшти дека е излезен од печат мал православен молитвеник на англиски јазик. Изданието е со благослов на блаженоупокоениот митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Молитвеникот може да се купи во сите храмови и манастири на епархијата.





