Нова книга во издание на манастирот Трескавец

Од печат излезе нова книга во издание на манастирот „Успение Богородично“ – Трескавец, со наслов: „Великопосното патување кон Голгота и Воскресението – предавања и беседи во Трескавец”, од архимандрит Никодим Солунчев. 

Содржината е транскрипт на видео-записите од циклусот предавања одржани по неделните литургии во манастирот Трескавец, во 2024, на теми од Посниот триод и Евангелските литургиски читања во Подготвителните и Великопосните недели до Велигден.

Извор: https://www.facebook.com/treskavecmonastery