Интернет страницата на Повардарската епархија известува за две нови изданија.
„Човекот не е само тело, туку е трослојно битие, тело, душа и дух, и секоја страна си бара своја храна, нега, грижа. Доколку не се грижиме доволно, или живееме неумерен живот, се појавуваат болести.
За телесното здравје барем денес има многу достапни информации и многумина се грижат за здравјето на телото, преку здрава храна и вежби, за духовниот живот и духовното здравје ни зборува Господ преку Евангелието и делата на светите отци, а за душевниот живот и здравје како да не се грижиме доволно. Иако човекот е трослојно битие, не можеме да го раздвоиме, туку тој функционира како целина, па така, во Црквата ни е познато дека најголема болест е гревот, и од гревот се заразува и страда целото човечко битие, а сега и современата медицина и психологија (наука за душата, за душевниот живот на човекот) веќе научно дојдоа до истиот заклучок, дека телесните болести се поврзани душевните состојби и болести, па за да се излечи една телесна болест, човекот мора да направи промена во начинот на исхрана, однесување, живеење – истото она што Црквата со векови наназад го кажува.
Современиот брз живот си носи свои болести и искривувања, периодот после пандемијата исто така сега ги покажува своите плодови во вид на психички болести и искривени состојби, па така, пастирите на Црквата ја следат будно оваа состојба и самите побараа да се издадат повеќе книги со соодветна содржина, за да можат и самите тие себеси да се разберат, да се излечат, а потоа и да им помогнат на верниците кои им се обраќаат за помош“ – се вели во објавата од Повардарската епархија.
Токму поради сето ова, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, издавачката дејност на епархијата „Св. Ѓорѓи Полошки“, ги подготви и ги издаде книгите: „Како да излечат болестите на душата“ од архимандритот Лазар Абашидзе и „Пастирска помош на душевно болни“ од игуменот Евмениј Перистиј.
Цената на книгите е: „Пастирска помош на душевно болни“ – 450 денари, „Како да излечат болестите на душата“ – 350 денари.
Книгите може да се најдат во сите храмови низ Повардарската епархија, а можат да се порачаат во Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, преку порака на е-пошта: [email protected], или, преку ФБ страната на епархијата.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3062&Itemid=32