Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, излезе од печат реизданието на книгата „Света Гора – Небесна земја“ од светиот Епископ Гаврил Велички.
Во известувањето за новото издание на Повардарската епархија се вели:
„Голема е нашата радост што добивме можност да ја реиздадеме оваа прекрасна и неповторлива книга, која за поновата генерација можеби и да е непозната. Македонските верници и богослови ќе откријат во неа еден посебен и неповторлив свет кој од Бога е закрилен и благословен, а во кого живеат земни ангели и небесни луѓе.
Во оваа книга, која е сублимат од врвна монографија, искуствен патепис и спасоносно сведоштво на преобразената личност, светиот Епископ Гаврил Светогорец од прва рака и непосредно ни ги раскажува своите лични погледи и доживувања за ова единствено и уникатно место во светот.“
Книгата може да се порача во Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, преку порака на електронска пошта: [email protected] или преку фејсбук страницата на епархијата. Цената на книгата е 300 денари.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3045&Itemid=32