Одбележан празникот на св. Јован Шангајски во Чикаго

Известува: о. Горан Трпчевски

Со Благослов и присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, беше одбележан празникот на св. Јован Шангајски во храмот „Св. Параскева Петка“ – Чикаго, во сослужение со сестринските македонски цркви. По заедничка архијерејска света Литургија беше осветен мозаик со ликот на св. Јован Шангајски, благословен славскиот колач и избран нов кум од страна на свештениците, а верниот народ се поклони и помоли на светите мошти од св. Јован Шангајски кои се наоѓаат во храмот „Св. Параскева Петка“, каде и самиот светител богослужел за време на неговиот живот во светот.