Одбележан празникот на Св. Јован Шангајски во Чикаго

Известува: о. Горан Трпчевски

Со благослов од неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Американско-канадската епархија г. Методиј, во Македонската Црковна Заедница при храмот на МПЦ-ОА „Св. Параскева – Петка“ во Чикаго, Илиноис, каде се чува честица од моштите на Св. Јован Шангајски, Санфранциски и Битолски, каде и тој самиот има служено, торжествено беше одбележан неговиот празник.

На Св. Литургија покрај свештениците од сестринските македонски црковни заедници при „Св. Кирил и Методиј“ од Вилобрук, Илиноис и „Св. Петар и Павле“ од Краун Поинт, Индијана, сослужуваа и свештеници од Руската Задгранична Православна Црква, Антиохиската Православна Црква и Бугарската Православна Црква.

Свештениците и верниот народ се причестија на Св. Литургија, а потоа следуваше Литија со Св. Мошти на Св. Јован. Потоа верниот народ се поклони, се помоли за здравје и спасение и ги целива Св. Мошти, по што беше помазан со Св. Масло од Светијата.