Одбрана на магистерски труд на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков

Пишува: Катерина Дафчева

Денеска на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков го одбрани магистерски труд на тема „Мистичкиот и литургискиот живот во делата на Старец Емилијан Симонопетриски”. На Неговото Преосвештенство Епископот Јаков ментор му беше протојереј-ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ.

Комисијата која ја сочинуваа редовните професори на катедрата за Литургика на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград: менторот протојереј-ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ, презвитер проф. д-р Србољуб Убипариповиќ како и ѓакон д-р Никола Лукиќ, доцент на Богословскиот факултет на споменатата катедра, магистерскиот труд на Епископот Јаков го оценија со највисока оценка.

На одбраната на трудот присуствуваа Преосвештениот Епископ моравички г. Тихон, Архимандритот Данило, директор на Патријаршиската управна канцеларија, свештенството и монаштвото и верници од струмичката Епархија, пренесува Тв Храм.